Де Хеа добива награда од Фиорентина - нов договор со повисока плата

Фиорентина оваа сезона има солидни резултати, а еден од најзаслужните за успехот е шпанскиот голман Давид Де Хеа кој брани во врвна форма.

Екипата од Фиренца прими само 10 погодоци по 12 одиграни натпревари, па поради тоа сака да го награди својот голман.

Де Хеа минатото лето потпиша едногодишен договор, но сега би можел да ја продолжи соработката на дополнителна година и да добие плата од 2,4 милиони евра по сезона.

Шпанецот е еден од најдобрите голмани во Серија А, односно одбрани 80,6 отсто од ударите кон неговиот гол.