Миовски ги казни промашувањата на Фараните – Македонија води на Градски (ВИДЕО)
Напаѓачот на Жирона смирено ја смести топката зад противничкиот голман, кога таа неочекувано се најде пред него по големиот пропуст на Гунар Ватхамар. Ова беше своевидно санкционирање на двете големи прилики на фарските фудбалери, кои беа буквално лице в лице со нашиот Столе Димитриевски, но лошо шутираа.
Македонија со ова ита кон петтата победа по ред и забетонирањето на првото место во групата и пласманот во Б дивизијата од Лигата на нации.