Вардар рутински се справи со Струга на дебито на Милано
Вардарци одлично започнаа и го отворија натпреварот со серија од четири гола. Гостите од Струга сепак брзо се вратија во натпреварот, а во финишот од полувремето успеаа и да изедначат (14-14). Сепак, Вардар на полувреме замина со предност (15-16).
Во вториот дел гледавме иста слика на теренот и иако во голем дел резултатот беше тесен изгледаше дека константно црвено-црните ја имаат контролата над резултат.
Натпреварот беше решен во финишот кога Вардар додаде гас и брзо се „одлепи“, па славеше и со девет гола разлика.
За Вардар ова беше 10-та победа во 11 коло со што се израмни со Алкалоид на врвот на табелата со 20 бода, но тимот од Автокоманда својот натпревар од ова коло го игра денес од 18:00 часот на гости кај Охрид. Пелистер е второпласиран со 18 бода.