Се пензионираше турскиот репрезентативец кој речиси цела кариера ја помина во Германија

На 35-годишниот турскиот фудбалер Омар Топрак кој речиси целата кариера ја помина во германската Бундеслига објави крај на кариерата.

Во Германија Топрак собра 263 настапи во Бундеслигата, а го носеше дресот на: Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Вердер Бремен.

Одреден период беше и турски репрезентативец со 27 настапи за сениорската репрезентација на оваа земја.

„По поминати 16 години со насмевка и солзи на очите можам да кажам дека дојде време да ја завршам кариерата“, објави Топрак.

Топрак последните две години од кариерата ги помина во неговата татковина настапувајќи за Анталијаспор.