„Аморим го врати Спортинг на врвот, се надевам дека тоа ќе го направи и во Манчестер јунајтед“

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш има само убави зборови за неговиот сонародник Рубен Аморим и се надева дека под негово водство ќе жнеат победи.

Манчестер јунајтед веќе подолго време не е меѓу клубовите кои се борат за најголемите титиули, нешто на што беа навикнати навивачите во ерата на Сер Алекс Фергусон.

Бруно Фернандеш се надева дека Аморим е вистинскиот човек кој може да го врати Јунајтед на врвот.

„Ова е вистински момент за Аморим да дојде, да ја внесе својата енергија и квалитети, своето знаење за фудбалот. Направи нешто посебно во Спортинг. Ги гледав речиси сите натпревари кога можев, Аморим е некој кој ја врати возбудата во клубот, им донесе многу добри работи и се надевам ќе може истото да го направи тука. Спортинг освојуваше титули по 20 години“, вели Фернандеш кој токму од Спортинг пристигна во Јунајтед.

„Сигурен сум дека идејата која ја има ќе донесе успех, независно од начинот на игра. За мене е важна врската која ја има со играчите. Видовме како се простија од него, начинот на кој се однесува зборува за тоа колку имаат почитување кон него. Тој доаѓаше на конференции и ги бранеше играчите по лошите резултати“.