Реал Мадрид изработи специјален дрес во чест на Модриќ (ФОТО)

По повод 550. натпревар за Реал Мадрид, одигран против Милан минатата недела, шпанскиот гигант изработи специјален дрес во чест на својот ас и наменет само за него.

На местото наменето за спонзорите пишува Лука, на клупскиот грб стои буквата М, а таму каде обично е поставено логото на производителот на спортска опрема е означено дека е капитен.

„Како играч повеќе ми значат тимските трофеи, а ако морам да бирам некој, тоа е титулата во Лигата на шампионите во 2014 година. Таа беше прва за мене и десетта за клубот. Датумот 27 август 2012 година е еден од најсреќните во мојот живот бидејќи тогаш потпишав за Реал“, изјави Модриќ.

Со оглед на тоа што е во 40. година од животот, извесно е дека оваа сезона ќе биде последна за него во тимот на Реал иако се уште нема официјална информација каде, евентуално, би продолжил.