Жирона го предупреди Миовски: Мора побрзо да се адаптира!
Во Жирона очекувале повеќе од Миовски, а сега македонскиот голгетер бил предупреден и од Жирона дека мора побрзо да се прилагоди и да почне да игра на повисоко ниво.
„Миовски добиваше повеќе простор поради повредите, но мора побрзо да се адапатира. Знае што треба да подобри. Ние сакаме да му пренесеме самодоверба и спокојство“, изјави спортскиот директор на Жирона.
Подобра од игра во клубот очекуваат и од соиграчот на Миовски Абел Руиз. Жирона минатата сезона со Довбик во тимот се избори и за место во Лигата на шампионите, но сезонава по 13 кола е шест бода одалечена од овие позиции. Очигледно празнината која се остави со заминувањето на Украинецот е тешко да се надополни.
Ќе потсетиме Жирона Миовски го доведе за сума од 6.8 милиони евра што беше клупски рекорд на Абердин.