Фриц го победи Де Минор и дојде на чекор до полуфинале!

Тејлор Фрици со пресврт дојде до победа од 2-1 во сетови со Алекс Де Минор и е блиску до пласман во полуфиналето на завршниот турнир во Торино.

Де Минор подобро го почна мечот, го доби првиот сет со 7-5 и поведе со 1-0. Но, Фриц се разбуди, ги доби следните два сета со 6-4 и 6-3 и дојде до триумф од 2-1.

Во оваа група полуфиналистите ќе се знаат по одигрување на дуелот меѓу Синер и Медведев. Засега сигурен меѓу четирите најдобри е само италијанскиот тенисер.

На Медведев му е потребна победа од 2-0 над Синер за да се пласира пред Фриц на табелата.