Јовиќ прецртан во Милан, два клуба заинтересирани за него

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ со нетрпение го очекува јануарскиот преоден рок во надеж дека конечно ќе ја заврши својата агонија во Милан.

Тој со сите сили се обидува да издејствува заминување од италијанскиот тим, а за него веќе постои интерес од два клуба: Галатасарај и Торино. Тоа ќе биде можност и за Милан да заработи на него бидејќи договорот на Јовиќ со клубот истекува на крајот од сезоната.

Во Галатасарај, Србинот би бил замена за Мауро Икарди кој ги скина лигаментите на коленото и за него сезоната е завршена. Истиот проблем го имаат и во Торино каде идентична повреда доживеа Дуван Запата, негова замена е Че Адамс, но и тој во моментов се бори со полесна повреда.