Јамал не е единствен, Барса има нов бисер во својата школа и тоа уште помлад
Школата на Барса е позната по тоа што знае да произведе бисери, примери за тоа имало многу во минатото, а и сега Јамал не е единствен. Сега вниманието е насочено кон Тони Фернандез кој дури е помлад од Јамал, има само 16 години, но многумина во него гледаат светла иднина на клубот.
Веќе во следните кола тој би можел да добие шанса во првиот тим затоа што Ханси Флик е задоволен од неговата работа и смета дека поседува квалитет за Барселона. За разлика од Јамал, тој е покреативен и може да игра како плејмејкер, но конкуренцијата во средниот ред на „каталонците“ е огромна, па Фернандез ќе мора да се избори со тоа.