Димитриевски: Сакам пак чиста мрежа!

Заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција присуствуваше голманот Столе Димитриевски.

Македонскиот чувар на мрежата порача дека сака и утре да остане со чиста мрежа.

,,И по овој натпревар сакам да останам со чиста мрежа. Не чувствуваме притисок. Кога ќе кажам дека сакам чиста мрежа тоа ми носи среќа и навистина не примам гол", изјави Димитриевски.

Натпреварот Македонија и Летонија го играат утре од 20:45 часот.