Mилевски: Кога играат за Македонија овие момци се во свој филм!
На прес-конференцијата Милевски порача дека Македонија е подготвена и фудбалерите ќе го дадат својот максимум,
„Против Летонија утре не очекува сосема различен натпревар и ќе мораме максимално да влеземе за да ја оправдаме улогата на фаворит. Овие момци без разлика на проблемите од клубовите, секогаш за Македонија го оставаат тоа зад себе и даваат максимум. Токму затоа го имаат мојот респект. Нивниот карактер е на највисоко ниво и секогаш даваат се од себе на тренинг во клубовите. Кога играат за Македонија се во свој филм и забораваат на се. Секој си има свој план, фокусот е како ние ќе одиграме. Спремни сме да го дадеме нашиот максимум", изјави Милевски.
Натпреварот помеѓу Македонија и Летонија се игра утре од 20:45 часот.