За Фати како да нема крај на проблемите, повторно се повреди

Напаѓачот на Барелона, Ансу Фати доживеа нова повреда и тоа повторно на задната ложа.

Неверојатно е тоа што шпанскиот фудбалер се здоби со уште една ваква повреда, а воопшто не игра кај Ханси Флик. Поради новата повреда фудбалерот кој некогаш важеше за голема надеж на Барселона ќе паузира околу еден месец.

Минатата година лекарскиот тим на Барселона се обиде да го убеди Фати дека треба да оди на операција и така да ги реши проблемите, но фудбалерот тоа го одби и продолжи да се лекува со алтернативни методи и очигледно погреши.

Со ова повреда можеби и се прости од настапите за Барселона бидејќи клубот би можел да го испрати на позајмица или да го продаде во зимскиот преоден рок.

Фати е дете на Барселона и блескаше под водство на Ернесто Валверде, но неговата кариера тргна во надолна линија по тешката повреда на предните вкрстени лигаменти во 2019 година.