Барса во проблем: Итно ѝ се потребни 50 милиони евра?

Финансиската ситуација во Барселона и понатаму е една од темите во шпанската јавност.

Има такви кои тврдат дека клубот оди кон стабилизација, додека други тврдат дека итно им се потрени пари за клубот да функционира на нормален начин. Погоден од целата ситуација може да биде и шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб во летниот преоден рок од Лајпциг пристигна во Барселона во трансфер вреден 55 милиони евра. Со бонусите таа граница ќе надмине и 60 милиони евра.

Поради правилата за регистрација на фудбалери Барселона во првиот дел можеше да користи 80% од износот одреден за плати на повредените Роналд Араухо и Андреас Кристенсен. Во моментот кога тие ќе се опорават Барселона мора да собере пари за Олмо да продолжи да игра и во вториот дел од сезоната. Иста е истуацијата и со Пау Виктор.

Медиумите во Шпанија наведуваат дека на Барселона ќе и бидат потребни околу 50 милиони евра кои треба да ги има до 31 декември.