Јуве со играч на Јунајтед ќе го решава проблемот во дефанзивата
Дефанзивецот на Јуве, Кабал ги скина лигаментите на коленото, а од претходно клубот го загуби и Глеисон Бремер.
Според „Тутоспорт“, една од желбите на Јувентус за засилување на дефанзивата е Линделоф од Манчестер јунајтед.
Неговиот договор истекува во јуни 2025 година, па ова е последна шанса за Манчестер јунајтед да го продаде пред тој да може сам да си замине. Тоа го прави и атрактивна цел за Јувентус, затоа што ќе можат да го купат поевтино.