И Ѓокереш си заминува од Спортинг, ама не кај Аморим туку во – Серија А!
Најсериозен кандидат за неговиот потпис е тимот на Јувентус, кој планира да го ангажира во зимскиот преоден рок, пренесува „Скај Италија“. Напаѓачот, чија моментална цена е проценета на 70 милиони евра, би бил значително засилување за „Старата дама“, која се надева дека тој ќе ја зајакне офанзивата и ќе донесе нова динамика во нападот. Ако трансферот се реализира, пристигнувањето на Швеѓанецот во Торино би можело да влијае на статусот на актуелниот прв напаѓач Душан Влаховиќ, кој потенцијално би бил продаден или би добил поинаква улога во тимот.
Ѓокереш лани му се приклучи на Спортинг од англиски Ковентри за отштета од 24 милиони евра и веднаш се наметна како клучен играч во тимот. Неговиот учинок досега, заедно со брзината, техниката и инстинктот за гол, го прават еден од најбараните млади напаѓачи во Европа.