Реал во дилема: Рамос веднаш или Лапорт во јануари

Во саботниот триумф против Осасуна, Реал остана без еден од столбовите во одбраната Едер Милитао и тоа е уште еден голем проблем за Карло Анчелоти бидејќи Бразилецот најверојатно нема да заигра до крајот на сезоната.

Со оглед на тоа што паузата е подолга од шест месеци, Реал има право веднаш да донесе фудбалер кој е слободен или да почека до јануари за евентуален трансфер. Дилемата во моментов е меѓу двајца играчи. Ако се одлучи за брза замена, прв фаворит е поранешниот капитен Серхио Рамос кој е без ангажман откако на крајот од минатата сезона му истече договорот со Севиља. Втората опција е Емерик Лапорт, фудбалерот на Ал Наср кој лани пристигна од Манчестер Сити за 27,5 милиони евра.

Вториот случај е ризичен бидејќи можно е Ал Наср да не ја прифати понудата од Реал затоа што атакува на шампионската титула во домашното првенство, а Лапорт е еден од главните играчи во одбраната. Реал е подготвен да плати 20 милиони евра, но парите ионака ништо не му значат на Ал Наср.