Адем Мекиќ експресно го напушти ТФТ и се пресели во Косово!

Екипата на ТФТ еден од македонските репрезентативци во своите редови и тоа само неколку дена по ангажманот на еден од најперспективните домашни кошаркари, Теодор Симиќ, откако тимот денеска го напушти Адем Мекиќ.

Тој кариерата ќе ја продолжи во косовското првенство, со оглед што потпиша договор со тимот на Бора, кој е последен на табелата со само една победа во досегашните осум меча. За него ова ќе биде трето меѓународно искуство, по двете сезони во романскиот Темишвар и хрватскиот Задар.

Мекиќ одигра пет натпревари во домашното првенство, остварувајќи учинок од 13,2 поени и пет скока.