Левандовски го дели еден гол за да влезе во друштвото на Меси и Роналдо

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски постигна два гола во победата на Барселона против Црвена Звезда (5-2) во четвртото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), па сега му недостига еден погодок за да влезе во одбрано друштво.

Левандовски застана на бројката од 99 голови во елитното натпреварување, па го дели само еден погодок од друштвото на Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои постигнаа над 100 погодоци во ЛШ.

Роналдо е на врвот со 140 голови во ЛШ, додека веднаш зад него се наоѓа Меси со 129 погодоци.