Македонскиот Пеле стана хит и во Србија (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Дарко Алексовски стана хит во Македонија поради неговиот прекар Пеле кој го добил по легендарниот Бразилец, а сега привлече големо внимание и во Србија.

Алексовски денеска реши да замине за Белград поради мечот меѓу Црвена Звезда и Барселона во Лигата на шампиони (ЛШ), а притоа им ја раскажа неговата необична приказна на српските новинари.

„Јас сум Дарко Алексовски од Македонија. Сакам да кажам дека мојот син го има најнеобичното име на Балканот, а можеби и во Европа. Мојот син се вика Нејмар, а се презива Пеле Благојчевски. Името го доби по фудбалерот кој е мој идол. Нејмар е мал, уште малку ќе наполни четири години. Очекувам интересен фудбал во Белград и победа за Звезда“, кажа македонскиот фудбалер.