Бобан Илиоски обезбеди најмалку бронза на ЕП во Атина

Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски беше подобар од Хрватот Петар Јаман на Европското првенство во Атина и така си обезбеди најмалку бронзен медал.

Илиоски во полуфиналето за место во финалето ќе води борба со Гркот, Филис Христос.

Свои борби денеска имаат уште Мите Ашкилов и Стефан Михајловски кои исто така со победа би обезбедиле најмалку бронза.

Во останатите борби, Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтенштајн, додека вчера Андреа Костовска беше поразена од Меган Охаре од Велика Британија.