Ендрик ги пакува куферите и заминува од Реал Мадрид!?

Младиот бразилски фудбалер Ендрик привлече големо внимание откако потпиша договор со Реал Мадрид, но наскоро би можел да замине од шпанската престолнина.

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти смета дека со Ендрик мора внимателно да се работи, односно свесен е дека не може да му даде голема минутажа и поради тоа планира да го испрати на позајмица.

Шпанските медиуми пишуваат дека Ендрик би можел во јануари да го напушти Мадрид и да се пресели во друг тим каде што редовно ќе биде на теренот.

Како најсериозни кандидати за позајмица на Ендрик се покажаа Тотнем и Јувентус кои во следниот период треба да преговараат со „кралевите“.