Познато зошто Еду го напуштил Арсенал: Ќе заработува трипати повеќе

Бразилскиот операртивец, Еду Гаспар ќе го напушти Арсенал, а според последните информации со работа Бразилецот ќе продолжи кај грчкиот бизнисмен, Евангелос Маринакис.

Пишуваа дел од англиските медиуми и за проблеми во внатрешноста на Арсенал како причина за неговото заминување, но вистината изгледа е поинаква. 

Еду како што сега се наведува добил понуда од трипати поголема плата за да биде главен во спортскиот сектор на трите клуба со кои раководи грчкиот бизнисмен. Во сопственост на Маринакис се: Нотингем Форес од Премиер лигата, португалскиот Рио Аве и грчкиот Олимпијакос.

Планот на Маринакис е Еду да биде главна фигура во целата мрежа на клубови и да биде запознаен со стратегијата на сите три клуба. Оваа улога за Еду би била нешто слично на онаа која ќе ја има Јирген Клоп во компанијата Ред Бул.