Мурињо: Да знаев дека е вака, никогаш немаше да дојдам во Турција!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо го критикуваше судењето во турскиот фудбал откако неговата екипа победи против Трабзонспор со гол во 102. минута.

Фенербахче во вчерашниот натпревар до трите бода дојде со погодокот на Софијан Амрабат за 3:2 во судиското продолжение.

Поранешниот тренер на Челси, Манчестер јунајтед, Интер и Реал Мадрид е незадоволен од двата пенали по реакции од ВАР кој ги доби противничкиот тим. Исто така Мурињо е смета дека неговиот тим требало да добие пенал пред победничкиот гол.

„Ги обвинувам луѓето на Фенербахче кои ме доведоа тука. Тие не ми кажаа се, ми кажаа само половина од работите. Ако ми беше кажана целата вистина воопшто немаше да дојдам. Но заедно со моите момци ќе се бориме со противниците на теренот и против системот.  Судијата беше спремен да донесе одлука за два пенали кои не ги досуди, а потоа пиеше турски чај кога имаше очигледен пенал за нас и него досуди“, изјави Мурињо.

Фенербахче на табелата е втор со пет бода помалку од Галатасарј.

„Играч на натпреварот беше Атила Караоглан (ВАР судијата). Не го видовме, но тој беше судија . Судијата на теренот се однесуваше како дете, главен беше Караоглан. Од невидлив стана најважен човек на натпреварот“, истакна Португалецот.