Легендарниот Канаваро за првпат ќе води шпански клуб?

Славниот шпански клуб Депортиво Ла Коруња се натпреварува во втората лига во оваа земја, но работите не им одат според планот.

Депортиво се наоѓа во долниот дел од табелата, па поради тоа се во потрага по нов тренер. Италијанските медиуми пренесуваат дека легендрниот Фабио Канаваро добил понуда и размислува да ја прифати.

Канаваро зад себе има голема кариера како фудбалер, додека тренерската во главно ја градеше во Азија, а во Италија го предводеше Беневенто и Удинезе, но без посериозен успех.

Работата во клуб со голема историја како Депортиво, Канаваро би добил уште една прилика да го покаже својот квалитет.