Алкалоид со два меча во „Автокоманда“ ќе го завери осминафиналето од Европскиот куп!
Македонскиот тим ќе ги организира натпреварите во својата сала „Автокоманда“, со што ионака огромните шанси за елиминација на австрискиот тим станаа уште поголеми.
Првиот натпревар е закажан за 29 ноември на кој со Алкалоид формално ќе биде домаќин, додека вториот ќе се одигра следниот ден кога македонскиот тим ќе биде „гостин“ на домашен терен. И двата меча ќе започнат во 19 часот.