Ферстапен не прифаќа критики: Некои луѓе навистина се напорни!

Трикратниот светски шампион Макс Ферстапен не ги прифаќа критиките за своите потези на трката за Големата награда на Мексико.

Ферстапен доби критики од поранешниот возач Дејмон Хил, но очигледно не го интересира што има да каже бившиот шампион.

„Јас сум трикратен шампион, мислам дека знам што правам. Имам свои мисли и идеи, но не мора да ги споделам. Некои луѓе се навистина напорни, но не ме интересира што сакаат да кажат“, вели Ферстапен.

Холанѓанецот во моментов е лидер во генералниот пласман со 362 бодови, додека зад него е Ландо Норис со 315 поени.