„Халанд и Мбапе не се подобри од мене, очекував повеќе од седмо место!“

Напаѓачот на Интер и аргентинската репрезентација, Лаутаро Мартинез е разочаран со освоеното седмо место во изборот за „Златна топка“.

Мартинез кажа дека е на исто ниво како Халанд и Мбапе, но и дека очекувал многу подобар пласман.

„Немам на што да им љубоморам. Јас сум на исто ниво како Халанд, Кејн, Мбапе и Левандовски. Очекував повисок пласман од седмото место поради одличната сезона“, кажа Мартинез.

Аргентинецот со Интер ја освои титулата во Серија А, додека со неговата репрезентација го крена пехарот во Копа Америка.