Трагедија во САД: Навивач славејќи ја титулата на Доџерс остана без – цела дланка (ВИДЕО)

Вознемирувачки инцидент се случи на улиците на Лос Анѓелес кога еден навивач на бејзбол екипата на Доџерс остана речиси без цела дланка додека го славеше освојувањето на титулата на неговиот омилен тим во МЛБ лигата.

Доџерс станаа шампиони за првпат од 1955 година, а вкупно осми пат во клупската историја, што предизвика огромна еуфорија меѓу фановите.

Во моментот на славење, навивачот се обиде да запали повеќе петарди истовремено, но една од нив му експлодираше во раката, што доведе до тешката повреда.