Алкалоид лесно и против Пролет за „девет од девет“
Домаќините парираа само во почетните минути, а потоа фаворитот се „одлепи“ и започна да го трасира патот кон победата.
На паузата избраниците на Кире Лазаров заминаа со пет гола разлика (15-20). Не се променија многу работите и во второто полувреме, Алкалоид доминираше уште повеќе и предноста почна повеќе да расте, па набрзо беше и двоцифрена. За на крајот да сино-белите да слават триумф од 13 голови разлика.
Андреј Стојановски од редовите на Пролет беше најефикасен на натпреварот со седум гола, додека Мартин Серафимов за Алкалоид постигна шест гола, по пет постигнаа Митев и Бинго.