Реал Мадрид прогласен за тим на годината, но никој не ја прими наградата!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид има извонредна сезона зад себе во која ги осови Лигата на шампиони, Ла Лига и шпанскиот Суперкуп, па заслужено ја доби наградата за тим на годината на церемонијата во Париз.

„Кралевите“ беа прогласени за најдобар тим, меѓутоа немаше кој да ја прими наградата затоа што никој од екипата не се појави на церемонијата во знак на поддршка на Винисиус Жуниор.

Раководството на Реал се налути поради тоа што Винисиус остана без „Златната топка“, па експедицијата го откажа патувањето во Париз.