Аврамовски херој за Болуспор, постигна два гола и донесе победа

Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски одигра одличен натпревар и постигна два гола во победата на Болоспор од 1-2 против Истанбулспор.

Аврамовски го отвори резултатот во 13. минута, додека вториот гол го постигна само три минути подоцна. До крајот на првиот дел домаќините намалија на 1-2, а тој резултат е покажа и како конечен натпреварот.

За Аврамовски ова беше шести гол во првенството во десеттиот натпревар.