Бањаја победи во Тајланд и ја стопи предноста на Мартин (ВИДЕО)

Возачот на Дукати и актуелен шамппион Франческо Бањаја славеше на дождливата трка за Големата награда на Тајланд во Мото ГП шампионатот.

Бањаја ја запиша деветтата победа оваа сезона и му го возврати ударот на Хорхе Мартин во трката за титулата. Мартин заврши на втората позиција, додека место на подиумот имаше и за Педро Акоста.

Водството на Мартин во моментов изнесува само 17 бодови пред Бањаја на две трки пред крајот на сезоната.