Европскиот шампион испушти +14, ама успеа да ја прекине серијата порази
Со тоа стави крај на серијата од два пораза, доживеани минатата недела од Реал и Париз. Малку недостасуваше и денеска да загуби и покрај тоа што во еден период имаше и 14 поени предност.
Во последната четвртина Фенербахче направи серија од 14-0 и го презеде водството, но во драматичниот финиш, предводен од Слукас и Лесор, европскиот шампион успеа да дојде до победата. Со тоа се израмни со својот вечерашен противник, па сега двете екипи, заедно со уште пет, имаат биланс 3/2.
Интересно е тоа што двата досегашни порази, Фенербахче ги доживеа на домашен терен, прво од Црвена Звезда, а вечерва и од Панатинаикос.