Убедлив пораз на ракометарките во првиот натпревар на „Трофеј Карпати“

Maкедонската женска репрезентација претрпе пораз во првиот натпревар на „Трофеј Карпати“ од селекцијата на Романија.

Романија беше подобра репрезентација во текот на целиот натпревар, а на крајот и заслужено славеше победа со 11 голови разлика (36-25).

Покрај денешниот натпревар со домаќинот, Македонија во наредните два дена ќе одигра натпревари против Словачка и Швајцарија. Натпреварот против Словачка го играме утре од 13:30 часот, додека в недела од 11:30 часот ќе се соочиме со Швајцарија.

На овој турнир Македонија настапува како дел од подготовките за Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.