Алонсо ќе потпише за Реал Мадрид ако му биде исполнет еден услов

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез тајно работи на ангажирање на Чаби Алонсо како наследник на Карло Анчелоти.

Алонсо го воодушеви светот со резултатите од минатата сезона кога со Баер Леверкузен ја освои Бундеслигата.

Неговиот стил на игра го воодушеви Перез, па токму поради тоа првиот човек на „кралевите“ сака да го ангажира Алонсо, меѓутоа ќе мора да му исполни еден услов.

„Дефенса Сентрал“ пишува дека Алонсо му кажал на Перез дека ќе потпише за Реал Мадрид само ако тимот го ангажира Флориан Вирц.

Вирц е еден од најталентираните фудбалери во Европа и вреди повеќе од 100 милиони евра.