Реал Мадрид доби неочекувано засилување за „Ел Класико“

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона ќе се соочат утре од 21 часот во 11. коло од Ла Лига, а актуелниот шампион доби одлични вести пред „Ел Класико“.

„Кралевите“ добија неочекувано засилување за вечното дерби, откако во составот се врати Брахим Дијаз и најверојатно ќе настапи против Барселона.

Барселона во моментов е лидер со 27 бодови, додека Реал Мадрид ги следи со 24 поени по 10 одиграни меча во шпанското првенство.