Ветеранот Хумелс одби еден куп тимови за да ја „грее“ клупата на Рома

Искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс си замина од Борусија Дортмунд, по што ова лето доби голем број понуди, а на крајот реши да го облече дресот на Рома.

Ветеранот пристигна во Рим како големо засилување и сите очекуваа да биде во првиот состав на калчолигашот, но Хумелс сè уште не добива шанса за игра.

Тренерот Иван Јуриќ не му дава простор за игра на Хумелс и ја објасни својата одлука пред навивачите.

„Според мене, двајца фудбалери се борат за исто место во тимот. Во моментов одбраната е добра. Не се грижам. Ндика игра одлично и затоа добива шанса пред Хумелс, но тој е голем професионалец и ќе добие своја шанса во иднина“, кажа Јуриќ.