„Л’Екип“: Мбапе ќе ја добие војната, ПСЖ мора да исплати 55 милиони евра!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе води војна против неговиот поранешен клуб ПСЖ и бара отштета од 55 милиони евра поради неисплатени плати и бонуси.

Мбапе го обвини гигантот од Париз дека не му исплатил бонуси и плати во последните месеци од договорот, но екипата не ја призна грешката и не сакаше да му исплати отштета.

Поради тоа случајот беше предаден на комитетот на Лига 1, а францускиот медиум „Л’Екип“ пишува дека истиот ќе заврши во корист на младиот напаѓач кој ќе заработи 55 милиони евра.