Најубавата тенисерка и најпознатите тениски браќа влегоа во Куќата на славните!

Марија Шарапова и браќата Боб и Мајк Брајан се избрани во тениската куќа на славните во Њупорт во класата 2025 година.

Русинката ќе биде првата тенисерка во Куќата на славните во последните пет години, откако таму беше примена Кончита Мартинез, шампионката на Вимблдон од 1994 година. Таа на сцената стапи кога со само 17 години го освои Вимблдон. Таа помина повеќе од 400 недели меѓу Топ 5 на ВТА листата, а во кариерата освои вкупно пет гренслем-трофеи во сингл. Покрај Вимблдон во 2004 година, таа триумфираше и на Австралија Опен во 2008 година, на Ролан Гарос во 2012 и 2014 година, како и на „Ју-Ес“ Опен во 2006 година, како и на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Браќата Брајан, пак, се најуспешните двојки во историјата на АТП со 119 титули во периодот од 1998 до 2020 година. Освоија 16 гренслем-трофеи, а го имаат и таканаречениот златен слем, зашто во една година освен победите на четирите најголеми турнири го освоија златниот олимписки медал во Лондон во 2012 година.

Браќата Брајан и Шарапова ќе бидат официјално промовирани во тениската Куќа на славните на специјална церемонија во нивна чест што ќе се одржи од 21 до 23 август 2025 година.