Што е полудо – чудесната асистенција или новата фризура на Лука Дончиќ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ не престанува да воодушевува и не само со тоа што го прави на теренот, каде што веќе константно е прв фаворит за МВП наградата, туку речиси и со се останато.

Словенецот во новата сезона од НБА лигата влезе по принципот „Нова сезона, нов јас“. Тој се појави со сосема нова фризура, која ги подели обожавателите. Додека едни му честитаа на храброста и тоа што ги следи трендовите, други почнаа да го исмеваат. Но, без разлика на изгледот, на паркетот е луциден како и досега, што го докажа со една чудесна асистенција. Дончиќ го остави Виктор Вембањама збунет бидејќи веројатно беше последното нешто што го очекуваше да го направи Дончиќ, кој влезе во рекетот без да погледне асистира упатувајќи ја топката „низ уши“ на Французинот.

Ѕвездта на Далас во триумфот над Сан Антонио спарс (120-109) имаше учинок од 28 поени, 10 скока и осум асистенции.