(ВИДЕО) Денвер се распадна уште на стартот, не помогна ни Јокиќ со трипл-дабл

Екипата на Денвер Нагетс со убедлив пораз ја почна новата сезона во НБА лигата, демонстрирајќи низа слабости во својата игра.

Првакот од 2023 година беше совладан од Оклахома на домашен терен со 87-102 и покрај трипл дабл ефектот на Никола Јокиќ. Денвер на овој меч се истакна само на почетокот бидејќи на средина од првиот квартал водеше со 19-10. Се останато помина во знакот на Оклахома која до половината на третата четвртина имаше достижно водство, а потоа направи серија од 10-0 и отиде на 85-66 што се покажа недостижно за Денвер.

Александер Гилџес Александер и Чет Холмгрен доминираа на теренот, Канаѓанецот постигна 28 поени, 8 асистенции и 7 скока, а центарот на Оклахома оствари дабл дабл со 25 поени и 14 скока. Никола Јокиќ ја почна сезоната со трипл дабл од 16 поени, 13 асистенции и 12 скока, но тоа може да послужи само за неговата статистика бидејќи тоа не беше доволно за триумф на Денвер.

Од останатите натпревари, шампионот Бостон го одигра вториот натпревар во новата сезона и веќе е дојде до втората победа бидејќи го совлада Вашингтон како гостин со 122-102.

РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон - Бостон 102-122
Далас - Сан Антонио 120-109
Денвер - Оклахома 87-102
Сакраменто - Минесота 115-117