Париз на крилјата на „Македонецот“ Шортс го освои Монако!

Кошаркарите на Париз триумфираа со 86-80 против Монако во дербито од петтото коло во Евролигата, а македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс имаше одличен настап.

Париз ја доби првата четвртина со 25-22, додека водството продолжи да расте до 49-43 на крајот на полувремето.

Монако го возврати ударот во третата четвртина кога ја „стопи“ разликата на Париз и направи целосен пресврт (64-59).

Шортс и другарите потоа го засилија темпото и успеаја да пронајдат вистински ритам во завршницата на дуелот за да слават со 87-80.

Шортс го заврши натпреварот со 28 поени, четири скокови и 10 асистенции како најефикасен кошаркар кај Париз, додека Тајсон Ворд постигна 15 поени.