Стефан Ристовски е во идеалниот состав на ЛШ (ФОТО)

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, се најде во идеалниот тим на УЕФА за третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), откако одигра блескав меч со две асистенции во триумфот на Динамо Загреб на гости кај Салцбург (2-0).

Македонскиот дефанзивец беше прогласен за најдобар играч на оваа средба, а денеска за неговата фантастична партија стигна уште едно големо признание.

Ристовски се најде во состав полн со ѕвезди, меѓу кои убедливо најголеми се фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона, Винисиус јуниор односно Рафиња.