Харден трагичар, Феникс по продолжение славеше во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Првото дерби во новата сезона во НБА ноќеска го одиграа екипите на Лос Анџелес Клиперс и Феникс Санс.
 

Славеше тимот од Аризона со 116-113 по продолжение иако малку фалеше да го положи оружјето по основниот дел затоа што на средина од последната четвртина Клиперс имаа предност од 10 разлика (91-81). Ситуацијата ја спаси Кевин Дурант кој погоди од исклучително тешка позиција за израмнување на 20-тина секунди пред крајот и го одведе натпреварот во дополнителни пет минути.

Трагичар беше Џејмс Харден кој во основниот дел промаши три шута во низа со кои можеше да донесе недостижна предност за Клиперс, а потоа, во последниот напад од продолжението, ја испушти топката и го оневозможи својот тим да упати шут за евентуално израмнување.

Дурант беше најдобар играч на Феникс со 25 постигнат поени, Бредли Бил додаде 24, а Букер имаше 15. Харден беше блиску до трипл дабл, постигна 29 поени, 12 скока и 8 асистенции, но сето тоа го уништи со неколку грешки во клучните моменти.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Индијана 109-115
Атланта - Бруклин 120-116
Мајами - Орландо 97-116
Филаделфија - Милвоки 109-124
Торонто - Кливленд 106-136
Хјустон - Шарлот 105-110
Њу Орлеанс - Чикаго 123-111
Јута - Мемфис 124-126
ЛА Клиперс - Феникс 113-116
Портланд - Голден Стејт 104-139