Реал Мадрид има огромен проблем пред „Ел Класико“

Шпанскиот гигант Реал Мадрид вчера се „врати од мртвите“ и славеше против Борусија Дортмунд со 5-2 во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), но екипата по мечот дозна лоши вести.

„Марка“ пишува дека Родриго се здобил со повреда поради која најверојатно ќе го пропушти „Ел Класико“ против Барселона.

Родриго има повреда на тетива и се очекува да паузира најмалку една недела, односно нема да биде подготвен за вечното дерби.

„Ел Класико“ е закажано за 26 октомври од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“ во 11. коло од Ла Лига.