Лазаров: Секоја чест за момците, им симнувам капа!

Алкалоид одигра извонреден натпревар против Пелистер и славеше во дербито со 32-25 за осма победа во македонската ракометна Суперлига.

Ракометарите на Кире Лазаров беа одлични на паркетот, па тренерот имаше само пофалби за неговите избраници.

„Одигравме квалитетно во дербито со Пелистер. Ова е можеби еден од нашите најдобри настпаи. Среќни сме и задоволни поради победата. На моите ракометари им симнувам капа. Им кажав дека не ми е важно кој ги постигнува головите, туку најважно е да играме како тим. Се надевам дека ќе продолжиме во такво темпо“, кажа Лазаров.

Алкалоид е прв на табелата со 16 освоени бодови, додека зад себе ги има Охрид, Вардар и Пелистер.