Чудна ситуација во Сити: Гвардиола останува само ако екипата биде исфрлена во Чемпионшип

Познато е дека договорот меѓу Манчестер Сити и Пеп Гвардиола истекува на крајот од оваа сезона, но актуелниот англиски шампион се наоѓа во исклучително деликатна ситуација.

Во моментов против него се води процес од Премиер лигата по 115 обвиненија за прекршување на финансискиот ферплеј, односно за финансиски нерегуларности. Ако Сити не успее да ја докаже својата невиност, казната ќе биде драконска, сигурно ќе му бидат одземени бодови и многу веројатно ќе биде исфрлен во понизок ранг.

Интересно е тоа што Гвардиола дал гаранција дека во ваков случај сигурно ќе остане на клупата на Манчестер Сити барем уште една година за да го врати во Премиер лигата. Да биде уште поинтересно, не сака да добива никаква плата таа сезона. Со тоа сака да ја покаже својата благодарност и лојалност кон клубот каде ја работи деветтата година.

Ако Сити, сепак, ја победи Премиер лигата за што постојат изгледи, тогаш Гвардиола ќе почека само да ввиди дали клубот може да најде соодветна замена за менаџерската позиција и дали ќе го остави тимот во добри раце. Во моментов во комбинација се двајца стручњаци: Рубен Аморим од Спортинг и Чаби Алонсо од Баер Леверкузен бидејќи само тие двајца ги исполнваат строгите услови - да се млади и да преферираат офанзивен фудбал.