Роналдо збесна и ги загуби нервите поради - еден корнер! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Португалија вчера ремизираше без голови во натпреварот против Шкотска на гостински терен, а Кристијано Роналдо одигра натпревар во кој не успеа да се запише во листата на стрелци.

Беше Роналдо на теренот од првата минута, меѓутоа не успеа да го зголеми својот голгетерски рекорд и да го продолжи патот кон неговата голема цел, а тоа се 1.000 во кариерата.

Во самата завршница од натпреварот португалските фудбалери се подготвуваа да изведат корнер меѓутоа тоа не се случи затоа што главниот судија „свирна“ крај на натпреварот.

Таквиот потег на судијата го налути Роналдо кој почна да беснее при излегувањето од теренот.