Објавена стравична снимка од убиството на поранешна американска кошаркарка (ВИДЕО)

Поранешната американска кошаркарка, Сидни Вилсон, е убиена од полицаец во ходникот пред нејзиниот стан.

Таа веднаш по отворањето на вратата со нож го нападнала униформираното лице и не застанала ниту по опомената да не го прави тоа. Полицаецот бил турнат во агол (ходник од зграда без излез), а во тој момент таа почнала да го напаѓа со нож, поради што решил да пука во поранешниот член на Универзитетот Џорџтаун. Тој се појавил во нејзината зграда поради лекарско барање за наводните проблеми со менталното здравје на жената.

Медиумите во САД пишуваат дека Вилсон доживеал нервен слом, а полицаецот Питер Лиу постапил според правилата на службата во која е 14 години. Веднаш пријавил што се случило, по повредата ѝ била укажана лекарска помош, но во болница била констатирана смрт.